Светската Куќа на кошарката реши да ја одржи ждрепката за претстојниот Еуробаскет 2021 во женска конкуренција, на 8-ми март.
Истата ќе биде пренесувана во живо, од Валенсија, на Youtube каналот на ФИБА и на Facebook страната на европското првенство.

foto: FIBA
Учесниците на следниот континентален собир се поделени во 4 шешири, во зависност од нивните резултати на ЕП 2019 и во квалификациите за ЕП 2021.
Ќе бидат извлечени по 4 екипи во 4 групи, а женскиот континентален шампионат ќе се игра од 17-ти до 27-ми јуни годинава, во Франција и Шпанија.
