Затворениот турнир што се одигра во босанската престолнина, заврши со навредувачки пораз од Широки, за најтрофејната македонска екипа – 106:77 (17:18, 18:19, 41:18, 30:22).
Пораз може да се случи, разликата може да биде и поголема, но фактот што еден од двата синонима за македонската кошарка прими 71 поен во едно полувреме, е запрепастувачки.
