РАЗНО

Грчкото чудо е МВП на НБА Ол-Стар викендот

фото: FIBA.BASKETBALL (архива)

Во победата на Тим Леброн против Тим Дјурант со 170:150, совршениот учинок во ударите од поле за победничката екипа, му ја донесе на Јанис Адетокумбо првата престижна награда „Најкорисен играч на Ол-Стар викендот“, кој се одржа без публика во „Стејт Фарм Арена“ во Атланта, Џорџија.

Играчот на Милвоки имаше 16/16 во шутевите од игра, постигна 35 поени со што беше најдобар стрелец на мечот. Дејмијан Лилард имаше 32 поена, а Стеф Кари постигна 28 од кои 8 тројки, но на крајот првото признание под името „Коби Брајант“ му припадна на грчкиот интернационалец.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top