РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

КФСМ: Судбината на Тодоров ќе се решава по неговиот извештај

фото: FIBA

Нашиот национален тим не успеа да се пласира на следното европско првенство, што било главниот момент во договорот меѓу актуелниот селектор и раководството на Федерацијата.

Според Тодор Гечевски, спортскиот директор на нашата Куќа на кошарката, целта не е постигната, но ништо се уште не е решено:

„Договорот на Александар Тодоров беше врзан со пласман на Европското првенство, на кое за жал не се пласиравме. Ова го потенциравме уште кога одржавме прес за негово претставување како селектор.

Сепак, го чекаме извештајот од селекторот, кој треба да стигне наскоро. Потоа ќе има состанок на раководството и заедно ќе одлучиме дали договорот на селекторот ќе биде продолжен.

И кај нас се поделени чувствата во врска со овие квалификации. Момците покажаа карактер и тимска игра. Бевме блиску и до победа против Русија, но најверојатно неискуството и неуиграноста пресудија за конечниот исход.

На нас останува да продолжиме да работиме со младите, да организираме семинари и за нашите тренери, па на претквалификациите за Светското првенство во август, да се покажеме во подобро светло.“

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top