Тренерот на МЗТ Скопје, најверојатно незадоволен од исходот (75:82) на мечот со Младост во кој неговата екипа имаше големи шанси да ја забележи и 6-та негова победа на 6-то „гостување“ во Сараево, не даде оценка за одиграното.
„Ќе беше убаво да се вратиме и по 6-ти пат со победа од Сараево. Не би го коментирал натпреварот, но ќе упатам честитки до екипата на Младост за победата и честитки исто така до моите играчи за желбата за победа.“
