РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Коментар на селекторот, за квалификациите

foto: FIBA.BASKETBALL

Предводникот на македонската репрезентација, го изнесе својот став за изминатиот квалификациски циклус, во кој Македонија вторпат во низа не успеа да се избори за место на едно европско првенство.

„Чувствата се измешани, не успеавме да се пласираме на Европското првенство. Но, има и причина за задоволство. Посебно од аспект на доведување нови лица во репрезентацијата, како и начинот на кој игравме на двата натпревара против Италија и на дуелот против Естонија.

Нема што да се прави, продолжуваме понатаму. Јас сум оптимист, затоа што во иднина, сите кошаркари кои сега имаат 17-18 години, ќе бидат поискусни и верувам дека со помошта на поискусните играчи Македонија, нема да има проблем да се пласира на наредното европско првенство.

Репрезентацијата, горе-долу, е таа.“ – објасни Александар Тодоров.

Последен пат, нашата репрезентација учествуваше на ЕП 2015 во Загреб. Прв пласман ни беше 1999-та, а во периодот 2009-11-13-15 бевме стандардни учесници.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top