ИНТЕРВЈУ

КРСТЕВСКИ: Зоната не забави, но им ги казнивме грешките

foto: ABA Liga / Dragana Stjepanovic

Македонските вечни ривали одиграа историско прво АБА 2 дерби, во кое се радуваше актуелниот шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

„Одигравме тежок и неизвесен натпревар. Сите наши мечеви се такви, без разлика какви се ростерите на двата тима. За нас е најважно што победивме (84:82).“ – ни изјави Бојан Крстевски, центарот на аеродромци.

Штрковите влегоа поискусно во мечот, веќе втора сезона се во АБА 2 лигата, а претходно имаа долга одисеја во премиерното АБА друштво. Работнички е дебитант во регионот.

„Имавме контрола над резултатот во текот на скоро целата средба. Игравме стабилно се додека противникот не ни постави зонска одбрана. Тоа малку не забави.“

FOTO: ABA LIGA / DRAGANA STJEPANOVIC

Во решавачките моменти од натпреварот, до израз дојдоа уиграноста и индивидуалните квалитети кај сините. Особено на Крстевски и Олуџоби, кој ја имаше клучната блокада.

„Во завршницата останавме присебни и ги казнивме сите грешки на Работнички. Заслужено се радувавме во првиот меѓусебен меч, одигран во АБА 2 лигата.“

Бојан Крстевски постигна 19 поени и со индекс 24, беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје Аеродром. Кај поразените центарци се издвоија Питс (20 поени) и Младеновски, со валоризација 25.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top