Сашо Филиповски и Боби Митев веќе не се тренерскиот тандем на клупата на Партизан, соопшти белградската екипа. Неофицијално дознаваме, дека тренерското дуо побарало прекин на соработката, со екипата која одамна не е гигантот што беше.
Спогодбеното разделување се случило непосредно по поразот од Цибона во АБА лигата, каде црно-белите врзаа шест порази во низа и со скор 7/12 се на 7-та позиција на табелата. Во Топ 16 фазата во Еврокупот, имаат скор 2/3 на едно коло до крајот.
