Американскиот интернационалец кој остана втора сезона во редовите на Работнички, имаше одличен настап против МЗТ Скопје, но потклекна во решавачките моменти и „му дозволи“ на вечниот ривал да се закити со првата победа во АБА 2 вечното дерби.
Питс украде топка на влезот во последните две минути и наместо „лесна“ реализација во контрата, дозволи да биде атрактивно изблокиран од Олуџоби, кој долета во стилот на Леброн Џејмс. Потоа Работнички прими тројка, по што колата тргна безглаво удолу.
Дејмиер Питс имаше највисока валоризација на мечот, 25 колку што имаше и Младеновски. За два поена шуираше 5/8, за три поени имаше реализација 1/7, за еден поен 7/9. Регистрира 12 асистенции, со 3 украдени и 4 загубени топки, имаше и 2 дефанзивни скока.
