РЕГИОН

Поранешниот селектор се врати од Приштина

Момент од претквалификацискиот дуел Македонија - Косово, одигран 2018-та во Гевгелија.

Јорданчо Давитков веќе не е тренер на Пеќ. Причина за разделбата е неконкурентната екипа, која македонскиот стратег ја имал на располагање.

„Ми беше ветен квалитетен тим со кој требаше да се бориме за шампионската титула. Но, поради неколку заминувања и неколку повреди, најголемиот број натпревари ги игравме со по три-четири јуниори, кои се далеку од квалитетот на сериозна кошарка.

Дардан Бериша, најдобриот поединец во екипата, повеќе не беше присутен отколку што беше, поради разни причини, што доведе до непланирани порази. Јас секогаш сакам тим за највисок дострел, па со управата на клубот решивме да ја прекинеме соработката.“ – изјави Давитков.

По 12 сезони поминати на сончевата страна од светот, во Кувајт и ОАЕ, Јорданчо Давитков се врати во европската кошарка. Со екипата на Пеќ, забележа само три победи во седум натпревари, по што реши да си замине од клупата.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top