Екипата на Куманово загуби од бугарскиот претставник Академик, на стартот на втората фаза во регионалната БИБЛ лига, со убедливи 70:87 (13:22, 9:15, 30:19, 18:31).
Поразот сам по себе не е проблем, но реализацијата на домашната екипа во првото полувреме не беше на ниво на еден европски меч – само 22 постигнати поена.
Шанса за поправен испит, кумановци ќе имаат на следниот дуел во рамките на истото натпреварување, исто така на домашен терен, против Хапоел Холон на 12-ти март.
