Гостиварци го доведоа Немања Николиќ од Игокеа, до крајот на сезоната во македонската кошарка. Играчот (196) што настапува на позициите 2 и 3, иако релативно млад, ќе донесе солидно искуство од мечевите одиграни во АБА лигата (Игокеа, Борац).
Според информациите од нашиот западен кошаркарски центар, Николиќ доаѓа како резултат на заемната соработка и пријателството меѓу двата клуба. Србинот се приклучува на тренинзите и се очекува многу брзо да се усогласи со играчите во новата екипа.
